Жозе Мурињо најверојатно нема да го промени својот колоритен стил до крајот на својата тренерска кариера, а Специјалниот го покажа својот остар карактер откако неговиот Фенербахче победи со 2-1 на домашен терен против Хатајспор во 17. коло од турската Суперлига.
„Зошто се плашите да ја кажете вистината? Од што се плашат луѓето во оваа земја? Дали мислите дека разликата во бодовите се должи исклучиво на фудбалот што се игра?“, истакна Мурињо по мечот, мислејќи на разликата од 8 поени меѓу „фенерите“ и лидерот Галатасарај.
„Не зборувам турски, па не гледам телевизија, не читам весници или социјални мрежи. Секако дека имам мои размислувања. Со оглед на сите години од мојата кариера, вакво нешто досега не сум видел. Не е разбирливо, тоа е надвор од рамките на клубот. Мислам дека овој систем не може да се скрши, барем засега“, жали тренерот на „фенерите“, навестувајќи дека неговата екипа е оштетена во трката за титулата.
"I never saw anything like this before, it's a scandal" 💬
Jose Mourinho has launched a scathing attack on referees in Turkey with Fenerbahce considering boycotting the Turkish Cup in protest 🇹🇷 pic.twitter.com/YXoeaRVVzf
— Sky Sports News (@SkySportsNews) January 6, 2025
„Ако сте задоволни со состојбата на оваа лига, можете да бидете задоволни со оваа ситуација. За да ја намалиме разликата треба да ги добиваме натпреварите и во исто време лидерот да губи бодови. Важно прашање е како ќе изгубат бодови? Вчера го слушнав истиот збор: скандал. Го слушам тој збор цело време. На некои од вас им се допаѓа. Победникот исто така сака да победува вака, без разлика на се. Ова е најлошото“, скршено изјави португалскиот стручњак.
Тој навести дека првенството е решено на неспортски начин.
„Знаеме во каква „токсична“ лига играме. Тие знаат како да играат против нас. Требаше да има 5 црвени картони во Ејуп и на овој натпревар. Таква е ситуацијата. Нашите играчи и нашите противници го знаат тоа. Мораме да одиме напред“.