🎥Најдобриот шахист на планетата се повлече од светското првенство поради фармерки и упати навреда кон организаторите

од Nikola Popovski
47 прегледи

Светското првенство во брз шах на ФИДЕ во машка конкуренција продолжи вечерва во Њујорк на кое учествуваат 182 играчи од 58 земји.

Се одиграа две рунди, по што имаше уште една промена на врвот. Во 8. коло Полјакот Јан-Кшиштоф Дуда му го нанесе првиот пораз на Американецот Даниел Народицки, па изби во водство заедно со Русите Володар Мурзин и Александар Гришчук и Индиецот Арјун Еригаиси.

Најдобриот светски шахист и актуелен првак во рапид и блиц шах Магнус Карлсен (34) по победата над сонародникот Аријан Тари влезе во конфликт со организаторите и го напушти турнирот. Тој одбил да го следи кодексот на облекување на турнирот, на кој се согласил при регистрацијата.

Тој ги информирал организаторите дека нема да дојде во финалето во фармерки, но од ФИДЕ побарале да се пресоблече непосредно пред деветтата рунда, што тој одбил. После тоа објави дека се повлекува од Светското првенство и дека нема да ја брани титулата во блиц шах.

„Тие можат да ги спроведуваат сопствените правила, јас сум добро со тоа, а мојот одговор е: „Во ред, се откажувам“. Е*ете се“, порачал Карлсен.

Карлсен е петкратен светски првак во класичен шах, поради што важи за најголем на сите времиња – иако пред неколку години се откажа од „обичната“ верзија на шахот бидејќи немаше доволно мотив да се натпреварува. Норвежанецот и порано имаше слични испади, а покрај тоа што е генијалец секогаш кога е пред шаховската табла, впечатокот е дека е многу контроверзен.

Слични содржини