🎥Најголем напад врз Киев од почетокот на војната, во Одеса погодено породилиште – има починати и повредени

од Nikola Popovski
10 прегледи

Русија изврши „масовен“ напад со беспилотни летала врз украинската престолнина, информира градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко. Во Одеса, погодено е и породилиште.

Според гувернерот Олег Кипер, нападот со беспилотни летала во Одеса погодил медицински установи и станбени згради, при што загинал 59-годишен маж, а четворица други биле повредени. Тој го објавил ова на Телеграм, наведува Би-Би-Си.

Во Киев, службите за итни случаи биле повикани во четири општини кратко по полноќ во вторник, изјави Кличко, исто така преку Телеграм. Четири лица се повредени во главниот украински град.

Најновите напади се случија откако Русија го изврши најголемиот напад со беспилотни летала врз Украина еден ден претходно. Москва тврдеше дека тоа е одмазда за неодамнешните украински напади на руска територија.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека Русија започнала еден од најголемите воздушни напади врз Киев во текот на ноќта, користејќи 315 беспилотни летала и седум ракети во напади што погодија и други делови од земјата.

„Руските ракетни и шахидски напади ги задушуваат напорите на Соединетите Американски Држави и другите ширум светот да ја принудат Русија да склучи мир“, напиша Зеленски на мрежата X.

Според воздухопловните сили на вооружените сили на Украина, воздушната одбрана неутрализирала 284 од 322 руски средства за воздушни напади.

Слични содржини