Фенербахче и официјално го претстави Жозе Мурињо за нов тренер на тимот. Португалецот го донесе претседателот на Фенербахче, Али Коч, кој се пофали дека во клубот донел еден од петте најдобри тренери во историјата на фудбалот.
🟡🔵 Jose Mourinho'dan atkı şovu! #beINSPORTS pic.twitter.com/M3ym7IyoFE
— beIN SPORTS Türkiye (@beINSPORTS_TR) June 2, 2024
Специјалниот потоа разговараше со навивачите на жолтите канаринци, кои го наполнија стадионот на клубот до крај. Приврзаниците го третираа Мурињо како божество, а тој како да ужива во нивниот ентузијазам. Фактот дека повеќе од 250.000 луѓе го следеа настапот на Жозе во живо на YouTube е доказ за размерите на овој огромен настан за турскиот фудбал. Во оваа бројка не се вклучени оние кои го следеле настанот на телевизија.
„Ви благодарам за оваа љубов кон мене. Обично тренерот ја гледа оваа љубов по победа, но јас веќе ја почувствував. Тоа е огромна одговорност. Јас веќе припаѓам на вашето семејство. Овој дрес сега е дел од мојата кожа и коски. Фудбалот е страст и нема подобро место да го почувствувам тоа од овде“, рече Специјалниот.
Jose Mourinho, taraftarlarımız ile fotoğraf çektirdi! 💛💙 pic.twitter.com/BcTwuetRz4
— Tek Yol FENER (@TekYolFener) June 2, 2024
По својот говор, Мурињо излезе на трибините, направи селфи со приврзаниците и потпиша голем број автограми. Неговата цел е да го направи Фенербахче шампион за прв пат по сезоната 2013/14. Договорот на Португалецот кој денеска пристигна во Истанбул е на две години.
Jose Mourinho, taraftarımızın önünde! pic.twitter.com/ri6VOzkgBl
— 𝔽𝕖𝕟𝕖𝕣𝕚𝕫𝕞 1907 (@Fnrzm1907) June 2, 2024