Линчот е вонправна процедура која најмногу се поврзува со Дивиот Запад во Соединетите Држави. Се разбира, Америка не е зачетник на таквата правда, но во еден момент од историјата стана позната по неа. Општо земено, автономните автомобили иритираат некои луѓе, а и некои служби за итни случаи исто така, затоа што можат да им се испречат, што делумно може да го објасни гневот што ги натера некои луѓе во Лос Анџелес да нападнат празен автономен Waymo.
Во раните утрински часови минатата сабота наутро, роботакси Waymo застана на црвено светло во населбата Беверли Гроув во Лос Анџелес. Ништо необично, но брзо бил опкружен со група луѓе кои тргнале да го уништат. На видео објавено на интернет се гледа како маж удира во бел Jaguar i-Pace додека друг човек се качува на покривот на автомобилот. Десната влезна врата (патничката страна) била откорната, додека шофершајбната и стаклата биле веќе искршени, а најмалку една гума била пукната. Во автомобилот немало патници.
Да потсетиме, сличен инцидент се случи во Сан Франциско минатата година кога беше запалено автономно такси. Тест роботакси, кои сè уште не беа во функција, беа нападнати во Тексас…