🎥Нежни бакнежи во јавност: Тимоти Шаламе и Кајли Џенер фатени во вистински момент

од Vladimir Zorba
319 прегледи

Иако на почетокот не предвидуваа долготрајна романса, Тимоти Шаламе и Кајли Џенер се уште се заедно, а нивната врска од ден на ден станува се поинтензивна.

Тоа го потврдија и синоќа, на доделувањето на наградите „Златен глобус“, каде Шаламет, ѕвездата на филмот „Вонка“ пристигна сам, но подоцна во салата на масата му се придружи и неговата девојка Кајли Џенер.

Модно координирани, тој во црн костим со светки, а таа во елегантен, црн фустан од тантела, се гледаа само, но одвреме-навреме сепак учтиво разговараа со луѓето кои им приоѓаа.

Камерите ги уловија во клучен момент, за време на официјалните реклами во директен пренос, додека разговараат за нешто, а Тимоти Шаламе изгледа во еден момент и кажа на Кајли дека ја сака.

После тоа дури двапати ја бакна нежно во уста, обидувајќи се да не го избрише карминот од нејзините усни.

Инаку, гласините за нивната врска најпрво започнаа во април минатата година, по што тие го имаа првото заедничко појавување во јавноста, прво на концертот на мегапопуларната Бијонсе, а потоа и на финалето на УС Опен.

Слични содржини