🎥„Ниту Грци, ниту Бугари туку македонско друштво од Дизелдорф“: Каролина Гочева откри обиди за бојкот на нејзиниот концерт

од Nikola Popovski
209 прегледи

Македонско друштво од Германија повикувало на бојкот на концертот на пејачката Каролина Гочева во Дизелдорф. Ваквата информација ја сподели самата пејачка на настапот.

Според Гочева, заканите се случувале уште од моментот кога била најавена турнејата на пејачката низ Германија. Сепак, организаторите ѝ кажале на Гочева само неколку дена пред настапот во Дизелфорд.

-Вечерашниот концерт бил постојано бојкотиран и биле испраќани апели да не се присуствува вечерва. Тука шириме љубов, но, мораме да си кажеме што имаме. Тие апели не се ниту од Грци, ниту од Бугари, ниту од овие што вчера ни го газеле знамето, туку од македонско друштво од Дизелдорф. Да не бидеме како нив. Некои луѓе толку знаат и можат, а ние треба да им покажеме како треба. Сакам да ве замолам доколку утре сте овде и сте во можност, не го пропуштајте настанот на македонското здружение каде што настапуваат многу наши естрадни ѕвезди. Не пропуштајте ниту еден настан организиран од Македонци за Македонци. Малку сме и тажно е да не се поддржуваме и почитуваме меѓусебе, рече Гочева на својот настап.

Публиката реагираше бурно, со негодувања и извици, но таа ги замоли посетителите достојно да продолжат да го следат нејзиниот концерт и да не паѓаат на нивото на оние кои сакале да ѝ наштетат.

Првиот концерт на Гочева се одржа на 23-ти ноември во Штутгарт, потоа на 25-ти ноември во Нирнберг, на 29-ти ноември во Диселдорф, на први декември е во Мајнц, на 13-ти декември во Хамбург и последниот концерт е закажан на 16-ти декември во Берлин.

Слични содржини