🎥Ноа, којa осум месеци беше заложник на Хамас, за прв пат проговори: „Чудо е што се уште сум жива“

од Vladimir Zorba
110 прегледи

„Чудо е што сè уште сум жива“, вели Израелката Ноа Аргамани (26), во своето прво сведочење за тоа како поминала осум месеци како заложник на Хамас.

На состанокот со јапонската министерка за надворешни работи, Јоко Камикава во Токио, таа зборуваше за ужасот што го преживеала. Како што пренесува Jerusalem Post, Ноа била киднапирана на 7 октомври минатата година во напад на Хамас, најголемиот терористички напад од основањето на Државата Израел.

Таа беше на музичкиот фестивал „Супернова“ кога рано наутро одекнале истрели. Таа беше ослободена на 8 јуни годинава. Ноа вели дека по киднапирањето имала расекотини по целото тело и главата.

„Секоја вечер заспивав мислејќи дека можеби ќе ми биде последна ноќ во животот. Така беше додека не ме спасија. Едноставно не верував дека преживеав. И сега кога седам овде со вас, тоа е вистинско чудо што сум тука. Чудо е што го преживеав седми октомври и што го преживеав бомбардирањето и што го преживеав спасувањето“, вели Ноа и додава:

„Авинатан, мојот дечко, е сè уште заробен и мора да направиме се за да ги вратиме киднапираните пред да биде предоцна“.

Ноа ги негираше наводите од социјалните мрежи дека киднаперите ја тепале додека била во заробеништво.

„Не ме тепаа и не ми ја потстрижаа косата. Имав исеченици по телото и главата. Како некој што го преживеа седми октомври, нема да дозволам да станам жртва на медиумите“.

Израелката побарала помош од Јапонија за ослободување на уште стотина заложници, бидејќи се верува дека многу од нив се уште се под контрола на Хамас. Ноа беше ослободена на 8 јуни во операција на израелските одбранбени сили (ИДФ) заедно со уште тројца заложници – Алмог Меиг (21), Андреј Козлов (27) и Шломи Жив (40).

Таа беше ослободена на роденденот на нејзиниот татко. Нејзината мајка Лиора боледувала од четврт стадиум на рак и единствена желба и била да ја види ќерката слободна пред да почине. Таа почина на 2 јули.

„Мајка ми беше мојата најдобра пријателка и најсилната личност што ја познавав. Овде стојам против сите шанси и привилегирана сум што бев со неа во нејзините последни моменти“.

Слични содржини