🎥Нов гаф на Бајден: Ја помеша Газа со Украина

од Nikola Popovski

Американскиот претседател Џо Бајден двапати ја помешал Газа со Украина, притоа најавувајќи дека САД мора да обезбедат хуманитарна помош за Палестинците.

Американскиот претседател потврдил дека хуманитарната помош ќе биде спуштена од авион во Газа и соопштил дека Вашингтон инсистира Израел да направи повеќе за да им помогне на гладните, велејќи дека животите на децата се во сериозен ризик.

Сепак, Бајден двапати навел дека помошта за Украина ќе биде испратена со воздушен транспорт, поради што претставниците на Белата куќа објаснија дека тој мислел на Газа.

Бајден ова го изјавил за време на посетата на италијанската премиерка Џорџа Мелони на Вашингтон.

– Помошта што стигнува до Газа не е доволна, ниту блиску. Сериозно се загрозени невините животи, но и животите на децата. Нема да стоиме и гледаме додека не добиеме поголема помош таму. Треба да донесеме стотици камиони во Газа, а не само неколку, изјавил Бајден.

Слични содржини