Млада девојка од Србија денеска со својот автомобил прегазила студентка на улицата „Јуриј Гагарин“ во Нов Белград, кога со своето возило влетала во толпа граѓани. На социјалните мрежи се појави вознемирувачкото видео од моментот кога девојката ја качила студентката на хаубата со својот автомобил
Студентката е повредена и пренесена со возило на Брзата помош, јавуваат српските медиуми.
View this post on Instagram
Поради тоа, насобраните граѓани го оштетиле автомобилот на девојката.
На социјалните мрежи подоцна се појави видео од полицајци во цивилна облека како ја приведуваат девојката која стоела зад воланот на автомобил.
Pregazila šestoro studenata kod Jurija Gagarina kod bloka 70. Ubica. pic.twitter.com/uaMTqS63pK
— mistična dojka™ (@FlyNatalija) January 24, 2025
Да потсетиме денеска во Србија се организира генерален штрајк кој студентите кои протестираат го најавија претходните денови. Кон штрајкот, покрај универзитетите низ државата и дел од основните и средните училишта, се огласија и го прифатија многу компании, културни институции, ресторани, мали бизниси, организации… синдикалците во државните претпријатија и градските администрации.
Колку за потсетување, пред осум дена, при оддавање на почит на жртвите од падот на настрешницата во Нови Сад, на улицата „Рузвелтова“ во Белград, исто така повредена беше девојка откако возач на автомобил ја удрил на тротоар и ја носел на покривот од возилото, по што паднала на сред улица. Возачот побегна од местото на настанот, но е пронајден е и се товари за кривично дело „обид за тешко убиство“.