🎥Нуркачите од „Амфора“ традиционално запалија василичарски оган под вода

од Nikola Popovski
23 прегледи

Кај Музејот на вода нуркачите од нуркачкиот центар „Амфора“ од Охрид на атрактивен и за нив препознатлив начин под вода го запалија традиционалниот василичарски оган со кој ја најавија Старата нова година.

На богатата трпеза беа испечените колбаси и пиво во стаклени шишиња.

Со ова нуркачите од „Амфора“ на православните христијани им ја честитаат Стара нова година и Василица, како и престојните празници Богојавленије, Водици и Св. Јован крстител – Денот на рибарите.

Слични содржини