🎥Објавен првиот трејлер за филмот за Ејми Вајнхаус: Го носи името на нејзиниот популарен албум…

од Vladimir Zorba
307 прегледи

Објавен е првиот трејлер за претстојниот филм за Ејми Вајнхаус. Биографскиот филм се вика „Back to Black“, како и популарниот албум на пејачката.

Филмот го режираше Сем Тејлор-Џонсон, а Ејми беше портретирана од Мариса Абел.

Покрај Абела, во филмот „Back To Black“ глуми и Џек О’Конел кој го игра поранешниот сопруг на Вајнхаус, Блејк Филдер-Сивил. Еди Марсан ќе се појави како татко Мич, Џулиет Кауан како нејзината мајка Џенис и Лесли Менвил како нејзината баба Синтија.

Тејлор-Џонсон претходно го режираше филмот на Џон Ленон „Nowhere Boy“ и првиот филм од франшизата „Педесет нијанси сиво“.

Да потсетиме, пејачката почина во 2011 година кога имаше само 27 години. Ејми се отру со алкохол.

Слични содржини