32
По 13 години, Лука Модриќ се збогуваше од „Сантијаго Бернабеу“ во саботата на натпреварот против Реал Сосиедад.
Легендарниот капитен на Реал го одигра својот последен натпревар на стадионот во Мадрид, а на крајот од сезоната, по Светското клупско првенство, ќе се збогува со Реал.
Реал објави видео од автобусот на пат кон стадионот. На неа се гледа како емотивниот 39-годишен Модриќ во еден момент се расплакал. Тој бил утешен од неговиот соиграч Лукас Васкез, уште еден фудбалер кој го напушта Реал.
Luka was crying going to the Bernabéu 😭💔 pic.twitter.com/49PcDPCiKD
— Ele 💔 (@EleModric) May 25, 2025