🎥Објавено првото видео: Русите со „Орешник“ кон Украина, нападот се случил во близина на границата со Полска!

Руската војска во петокот соопшти дека ја испалила својата хиперсонична ракета „Орешник“ кон цел во Украина, како дел од, како што рече, масовен ноќен напад врз енергетски објекти и погони за производство на беспилотни летала.

од Vladimir Zorba
20 прегледи Фото: Х/Принтскрин/Boi Agent One

Руската војска во петокот соопшти дека ја испалила својата хиперсонична ракета „Орешник“ кон цел во Украина, како дел од, како што рече, масовен ноќен напад врз енергетски објекти и погони за производство на беспилотни летала.

Министерството за одбрана во соопштението наведува дека нападот бил одговор на обидот за украински напад со беспилотни летала врз една од резиденциите на претседателот Владимир Путин кон крајот на декември.

Според првичните извештаи, „Орешник“ бил испален во западна Украина, во близина на градот Лавов, на само 50 километри од границата со Полска.

Целата територија на Украина беше ставена во состојба на готовност преку ноќ од четврток до петок поради руски ракетен напад, а во Киев веќе се пријавени четири мртви и 13 ранети, соопштија властите.

„Двајца мртви во главниот град, шест ранети“, објави градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм. Шефот на регионалната воена администрација, Микола Калачник, изјави дека „непријателот започнува масовен напад врз Киев со експлозивни дронови“.

Воздухопловните сили на земјата издадоа „тревога за ракетен напад низ цела Украина“, наведувајќи балистички ракети лансирани од воздухопловната база Капустин Јар, околу 400 километри источно од границата.

Изворот, исто така, рече дека ваквите ракети се упатуваат кон главниот град.