🎥Од утринава паѓа првиот снег во Македонија

Од видео-камерите на Попова Шапка може да се види дека планината е целосно покриена со снег

од Nikola Popovski
55 прегледи Фото: Фејсбук профил „Konak Popova Shapka“

Од утринава паѓа првиот снег на Попова Шапка за оваа сезона. Од видео-камерите на ски-центарот може да се види дека планината е обелена и покриена со првиот слој снег.

Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), утрото беше студено, со минимални температури кои се спуштија до 4 степени во Крушево, 6 во Берово, Крива Паланка и Тетово, 7 во Куманово, 8 во Скопје – Петровец, Битола, Виница и Штип, 9 во Претор и Демир Капија, додека најтопло беше во Струмица со 10 степени.

Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на повеќе места ќе бидат пообилни, а на планините ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен северен ветер. Максималната температура ќе достигне од 6 до 13 степени.

Во Скопје ќе биде облачно и студено со повремени поројни врнежи од дожд и умерен до засилен северен ветер. Максималната температура во главниот град ќе достигне до 10 степени.

Поради продор на постудена воздушна маса од север и засилен северен ветер, утре на планините врнежите ќе преминуваат во снег, а поради натамошно спуштање на студен воздух, во петок ќе има услови да преминуваат во снег и на некои од повисоките места.

На повисоките планини ќе се формира значителна снежна покривка.

Од сабота времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури кои ќе одат и во минус, а дневните ќе бидат во пораст.