47
Поранешниот играч на Кристал Палас, Мајкл Олисе и официјално беше претставен во Баерн Минхен во трансфер вреден 60 милиони фунти.
За три сезони во лондонскиот клуб, Олисе одигра 90 натпревари и постигна 16 гола во сите натпреварувања.
Тој се пресели во Кристал Палас од Ридинг во јули 2021 година за осум милиони фунти, а фудбалерот роден во Англија играше за јуниорските репрезентации на Франција.
„Многу сум среќен што ќе играм за толку голем клуб, тоа е голем предизвик и токму она што го посакував. Сакам да се докажам на тоа ниво и да учествувам во освојување на многу трофеи“, порача Олисе.
Тој беше поканет во францускиот олимписки тим за претстојните игри во Париз.