Откриен идентитетот на возачот на „сајбертракот“ на Тесла кој експлодираше во Лас Вегас пред кулата Трамп. Тој е идентификуван како 37-годишниот Метју Ливелсбергер, кој живеел во Колорадо Спрингс, објавија американските медиуми повикувајќи се на извори.
Според извештајот, Ливелсбергер имал неколку адреси во Колорадо Спрингс кои биле поврзани со него.
Федералното биро за истраги се наоѓа во комплексот на градската куќа, изјави за KOAA полициската управа во Колорадо Спрингс.
ФБИ е на една од адресите поврзани со Ливелсбергер, пренесува KOAA.
Elon Musk’s dumb idea — the Cybertruck — exploding in front of a Trump hotel is the ultimate metaphor for the next four years. pic.twitter.com/TPJZsay9bh
— JΛKΣ (@USMCLiberal) January 1, 2025
Да потсетиме, „сајбертракот“ на Тесла експлодираше пред хотелот Трамп Тауер во Лас Вегас, а камерите го снимија настанот од повеќе агли.
Полицијата брзо реагирала и го затворила булеварот лоциран во центарот на Лас Вегас, а на местото излегле бројни противпожарни единици. Полицијата потврди дека во овој инцидент загинал возачот на Тесла, а повредени се 7 лица.