🎥Ова никогаш не му се случило на Роналдо: Ја заврши групната фаза на едно големо натпреварување без постигнат гол

од Vladimir Zorba
35 прегледи

Капитенот на португалската фудбалска репрезентација, Кристијано Роналдо за прв пат во кариерата не успеа да постигне гол во групната фаза на едно големо натпреварување.

Еден од најдобрите фудбалери во историјата на фудбалот, дебитираше на Европското првенство во 2004 година кога како тинејџер се запиша во листата на најдобри стрелци, а оттогаш успеа да постигне барем по еден гол на секое големо натпреварување – без разлика дали тоа беше ЕУРО или СП, успеа да постигне барем еден гол во групната фаза.

Португалија навистина го зазеде првото место во групата Ф на ЕП во Германија, но во последното коло изненадувачки беше поразена од Грузија со 0:2, а тоа што не постигна гол го изнервира Роналдо крајно.

Тој беше видно депримиран по натпреварот, без разлика што неговиот тим успеа да ја оствари примарната цел и да се пласира во плеј-офот како лидер во групата.

По таа средба е видена уште една неверојатна сцена, кога еден навивач на Португалија сакајќи да стигне до својот идол скокна од трибината висока неколку метри и падна пред нозете на Роналдо. Обезбедувањето веднаш реагираше, а Кристијано остана зачуден од потегот на навивачot.

Слични содржини