🎥Овие се лицата кои биле во урнатиот хеликоптер во Њујорк

од Nikola Popovski
90 прегледи

Попладневното патување на едно семејство по магливите брегови на Менхетен се претвора во трагедија кога хеликоптерот со семејство од Шпанија се урна во реката Хадсон крај брегот на Њу Џерси, при што загина целото семејство и пилотот. Сè сведочеле случајни минувачи кои виделе како хеликоптерот паѓа од небо во водата и се превртува.

Меѓу жртвите, според полициски извори, е Агустин Ескобар, директор на Сименс, заедно со неговото семејство. Градоначалникот на Њујорк Ерик Адамс рече дека семејството е од Шпанија.

Според полицискиот комесар на Њујорк, Џесика Тиш, службите за итна помош примиле повик во 15:17 часот – било пријавено дека хеликоптер паднал во реката Хадсон во близина на паркот Пиер А во Хобокен, покрај брегот на Њу Џерси. По пристигнувањето полицијата од водата извлекла четири лица, а пожарникарите уште две.

Четири лица беа прогласени за мртви на местото на настанот, а две се пренесени во болница, рече Тиш. Градоначалникот на Џерси Сити, Стивен Фулоп изјави дека две деца биле пренесени во болница, но лекарите не можеле да ги спасат.

Според „FlightRadar24“, хеликоптерот е „Bell 206L-4 LongRanger IV“ од 2004 година, со лиценца за летање од 2016 година, со важност до 2029 година, според FAA. Информациите за пилотот не беа достапни, рече Адамс.

-Хеликоптерот полетал од хелиодром во Долниот Менхетен во 14 часот и 59 минути, се упатил кон југ, а потоа свртел на север по брегот на Менхетен и реката Хадсон. Во 15:08 часот стигна до мостот Џорџ Вашингтон, а потоа се сврте и полета по брегот на Њу Џерси, каде набрзо изгуби контрола, рече Тиш.

Во моментот на ударот во водата, хеликоптерот бил превртен наопаку, а од водата се гледала пилотската кабина. Има извештаи дека хеликоптерот заглавил во воздух и делови почнале да се одвојуваат – што се совпаѓа со повиците на 911, рече Тиш.

Федералната управа за авијација (FAA) и Националниот одбор за безбедност на транспортот (NTSB) започнаа заедничка истрага. НТСБ го води главниот дел од истрагата. Хеликоптерот бил во посебен воздушен простор над Њујорк, каде што нема активна контрола на летање, изјави секретарот Шон Дафи. Неколку минути пред да се влезе во таа зона, контролата ја извршила контролата на летање на аеродромот Ла Гвардија.

Во текот на истрагата ќе се анализира целата документација за состојбата на хеликоптерот.

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп го изрази своето сочувство преку Truth Social, велејќи: „Бог да ги благослови семејствата и пријателите на жртвите“.

„Сè што можам да ви кажам е дека сме уништени“, рече Мајкл Рот, директор на Њујорк хеликоптер чартер, кој е сопственик на хеликоптерот.

Шпанскиот премиер Педро Санчез ја нарече несреќата „незамислива трагедија“ во објава на платформата X. „Сите мои мисли се со семејството и пријателите на жртвите во овој момент“, напиша тој.

Слични содржини