🎥По 477 дена во заробеништво, ослободена е Израелката со македонско потекло

од Nikola Popovski
138 прегледи

20-годишната Израелка Наама Леви, за која се тврди дека има далечно македонско потекло, вчера беше ослободена од Хамас. Таа е една од четворицата заложници кои беа ослободени како дел од мировниот процес за размена на заробеници меѓу Израел и палестинската група.

Лицата беа киднапирани за време на терористичкиот напад на Хамас и киднапирањата на бројни Израелци на 7 октомври 2023 година.

Наама Леви и другите заложници била префрлени со хеликоптер на израелската Армија, која објави снимка од средбата со нејзиното семејство.

Според податоците што ги испратиле роднините на девојката, нејзината пра-прабаба Грасиа Бивас била родена во Македонија во 1893 година, во семејство на Хаим и Сара Бивас. Бабата, како девојче, околу 1900 година, заминала во Израел каде што низ годините основала семејство. Девојката Наама Леви е една од нејзините потомци.

Леви била дел од мировната организација „Раце на мирот“, чија мисија била да ги поттикне младите од Израел, Палестина и од Америка да станат промотори на мирот.

Според израелските воени институции, во нападот на Хамас на 7 октомври, биле киднапирани 242 Израелци. Дел од нив се убиени.

Слични содржини