Мајка на момче кое остана повредено и има тешки изгореници по пожарот во Кочани, на социјалните мрежи излезе со потресно сведоштво. Силвана Петрова, мајка на повредениот Трајче Петров, за веб-страницата „Support Kocani“ изјави дека има мало дете од десет години, постара мајка која преживеала два мозочни удари и дека мора да се грижи и за повреденото дете од кочанската трагедија. Информира дека мора да му помага во облекување на чорапи, но и околу лекување на раните по телото.
Силвана упати апел за поголема помош од страна на надлежните.
-Морав и работа да напуштам за да се посветам на детето. Колку што се може за некои работи поврзани со него за работите што ги користи….Се надеваме дека нема да има потреба од оперативен зафат. Се што имам ќе дадам, но мораме да имаме помош од државата. Од државата уште немаме помош, кажа мајката.
View this post on Instagram
Нејзиниот син се лекувал во Грција, но при отупустот им било кажано дека заздравувањето во целост може да потрае и година, па и повеќе.
-Треба многу хигиена, внимавање од сонце, многу средства за мачкање за да може раните да зараснат. Прстите не можеше да ги мрда, ќе треба време. Нема ништо да помине на набрзина, кажа Силвана, истакнувајќи дека во моментот, момчето не може да работи и така ќе биде барем најмалку една година.
Во видеото е оставен број на жиро-сметка за донации за повреденото момче.