🎥Познат екс-судија користеше кокаин на ЕУРО, го навредуваше Клоп, а сега призна дека е геј

од Nikola Popovski
64 прегледи

Поранешниот англиски фудбалски судија Дејвид Кут, кој минатото лето предизвика голем скандал, излезе во јавноста и призна дека е хомосексуалец. Кут беше фатен како користи кокаин за време на Европското првенство само еден ден по мечот што го судеше, додека претходно го навредуваше екс-тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп.

Сега тој во солзи за британскиот весник „Сан“ изјавил дека користел кокаин за да „избега“ затоа што бил принуден да ја скрие својата сексуална ориентација. Кут призна и дека не бил „трезен“ кога го навредил поранешниот тренер на Ливерпул и дека како судија доживеал навреди и смртни закани.

– За време на моите тинејџерски години чувствував длабок срам. Не се отворив пред родителите се до 21 година. Се отворив пред пријателите дури кога имав 25 години. Мојата сексуалност не е единствената причина поради која се најдов во таа ситуација, но не би бил искрен ако не кажам дека сум геј и дека навистина се борев да го сокријам тоа“, изјавил Кут и додал:

– Не ги покажував чувствата како млад судија и ја криев мојата сексуалност, што е добра особина за судија, но лоша особина како човек. И тоа ме доведе по патишта кои на крајот ја уништија мојата кариера.

Тој тврди дека бил на „исклучително темно место“ откако беше откриено дека користел дрога на ЕП 2024.

– Без поддршка од моето семејство и колегите, „не сум сигурен дека би бил овде денес“. Имав проблеми со сопствената самодоверба – и тоа беше поврзано со мојата сексуалност. Јас сум геј и долго време се борам со гордоста поради тоа што сум „јас“. Во текот на мојата кариера како судија доживеав многу непријатни навреди, а на тоа да ја додадам и мојата сексуалност би било навистина тешко.

Слични содржини