Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и Миле Лефков се обиделе да излезат од земјава со своите пасоши со старото уставно име, но не успеале во своите намери, бидејќи биле вратени од пограничните служби. Но, кога ги приложиле дипломатските пасоши, исто така важечки, но со „Република Македонија“, а не со „Северна Република Македонија“, влезот им бил дозволен на граничниот премин „Делчево“ кон Бугарија.
Тие ги повикаа колегите од СДСМ и од ДУИ конечно да гласаат за измени на законот за патни исправи
-Имаме порака до нашите колеги во Собрание, веднаш да биде ставен на гласање и да се усвои Предлог законот за измена и дополнување на законот за патни исправи со којшто ќе се продолжи важењето на пасошите. Имаме 44 гласа во собрание во секој момент и ни недостасуваат уште 15, кажа Лефков во видеото објавено на нивните социјални мрежи.
Од СДСМ утрово порачаа декаа ВМРО-ДПМНЕ целосно го заглавува процесот за издавање пасоши и ги манипулира граѓаните дека со закон може да се сменат обврските од меѓународен договор.
-Ако СДС и ДУИ не гласаат за продолжување на важноста на пасошите, тогаш чесно е сите нивни пратеници и функционери да се откажат од дипломатските пасоши, а не додека народот страда, тие да ги користат привилегиите на позициите. Со право народот вели дека немаме држава, и таа треба да се врати, стои во партиското соопштение а ВМРО-ДПМНЕ.
Освен Швајцарија, која официјално дозволила транзит на македонски државјани со стари пасоши, Босна и Херцеговина забранила, а другите европски држави не се знае уште колку време ќе толерираат.