Пратениците на албанската опозиција денеска протестираа во Парламентот на Албанија, каде палеа кукли со ликот на политичари и се судрија со обезбедувањето, откако еден нивни колега беше осуден на затворска казна за клевета.
Пратениците на конзервативните демократи, кои повикаа на бојкот на денешната седница на Собранието, се обидоа да го блокираат влезот на нивните колеги од владејачката Социјалистичка партија.
Тие протестираа поради затворањето на Ервин Салијани, кој во 2018 година побарал оставка од тогашниот министер за внатрешни работи поради обвинувањата дека братот на министерот се занимавал со незаконски активности, кои подоцна се покажале како невистинити.
Пратениците ги запалиле куклите со ликовите на премиерот Еди Рама, министерот за внатрешни работи Фатмир Џафаи и уште двајца политичари.
Chaos has continued in the #Parliament in #Albania. Prime Minister #EdiRama's party on Wednesday expelled 23 opposition MPs, who will no longer be able to participate in parliament for 60 days. this has fueled clashes between the majority and opposition groups in parliament. pic.twitter.com/GotXgfHyd1
— Isa Myzyraj (@IsamyzyrajAlb) October 3, 2024
Откако не успеаја да влезат во салата, пратениците од опозицијата го прекинаа протестот, а социјалистите ја заклучија седницата, пренесе АП.
Демократите долго време го обвинуваат Рама за злоупотреба на власта, вклучително и во судството. Протести се организираат од 2013 година.