🎥Продолжува хаосот во Турција: Полицијата упадна во домови на политичари и активисти по протестите

од Nikola Popovski
81 прегледи

Откако беше организиран уште еден масовен протест во Истанбул поради апсењето и притворањето на градоначалникот на Истанбул, Екрем Имамоглу, полицијата уапси голем број активисти, политичари и новинари во овој и во други градови во Турција.

Според извештаите на медиумите во Турција, по завршувањето на вчерашните протести, полицијата упаднала во домовите на многу луѓе во Истанбул, поради прекршување на Законот за собири и демонстрации во земјата.

Турскиот медиум „Џумхуриет“ дознава дека се уапсени левичарски политичари и активисти, меѓу кои Денис Демирдоген, писателот Бариш Инџе и членови на социјалистичката партија СОЛ, која дејствува во Турција.

Покрај нив, приведени се и новинарката Зејнеп Курај и фоторепортерите Булент Килич и Јасин Акгул.

Во врска со апсењето се огласи и Комунистичката партија на Турција во која се наведува дека приведени се и претседателот на огранокот на партијата во Истанбул, Ахмет Динчел и тројца членови на партијата.

„Комунистичката партија на Турција синоќа беше во Сарачане со илјадници членови, волонтери и партиски пријатели за да го брани правото на народот да се занимава со политика. Рано утринава претседателот на Истанбул на ТКП, Ахмет Динџел и членот на партиското собрание Арда Хаџијусуфоглу и тројца членови на нашата партија беа земени од нивните домови. Тие мора веднаш да бидат ослободени“, соопшти Комунистичката партија на Турција.

Слични содржини