Пронајден е исчезнатиот Исмаил Муратов од општина Лозово, по кого се трагаше повеќе од два дена. Како што информира првиот човек на ЦУК, Стојанче Ангелов, била спроведена тешка спасувачка мисија, југозападно од врвот Богословец во овчеполието.
-На местата каде што реката Брегалница прави меандри, имаше лице во животозагрозувачка ситуација. Во соработка со градоначалникот на општина Лозово, со помош на полициски хеликоптер, успеавме да го спасиме и истото е однесено во Државната болница во Скопје, кажа Ангелов во видео-обраќање, заедно со градоначалникот на Лозово, Бошко Цветковски.
34-годишникот е пронајден во полусвесна состојба, со знаци на живот, но, не можел да комуницира.
Во потрагата биле користени и дронови, како и помош од екипи на „Тигрите“ и ЕБР.