Екипата на Лос Анџелес Клиперс се подготви добро за третиот натпревар од четвртфиналната серија против Денвер Нагетс, а истото го направија и нивните навивачи.
Клиперси направија сè за да го сопрат еден од најдобрите кошаркари во моментов, Никола Јокиќ и делумно успеаја во тоа. Сепак, Србинот немаше соодветна помош од своите соиграчи, па Денвер беше убедливо поразен во третиот натпревар од четвртфиналната серија на плејофот на НБА лигата.
Атмосферата во домот на тимот од Калифорнија беше вжештена секој пат кога Јокиќ ќе зачекореше до линијата за слободни фрлања. Зад кошевите, организаторите им делеа капи со коњски глави на навивачите, токму со желба да го испровоцираат Јокиќ и да го тргнат неговиот фокус од играта.
Очигледно е дека Клиперсите на забавен начин се пошегувале со емоциите на Јокиќ и неговата љубов кон коњите.
The Clippers have given their fans who sit in “The Wall” area behind the basket these fabric horse hats to wear when Nikola Jokic is shooting free throws. pic.twitter.com/iGgn5Vzumh
— Rachel Nichols (@Rachel__Nichols) April 25, 2025
Трократниот МВП на НБА лигата одигра добар натпревар за негови стандарди, но тоа не беше доволно за триумф на неговиот тим Денвер. Останува да се види како ќе реагираат Србинот и неговиот тим во четвртиот натпревар и дали оваа провокација дополнително ќе ги мотивира да се соочат со инаку одличниот тим на Лос Анџелес Клиперс.
Не е прв пат слична провокација да му се случи на Јокиќ и тоа баш во Лос Анџелес, против Клиперс. Еден „имагинативен“ обожавател држел транспарент на кој пишувало „Тато, ми недостигаш“ и носел маска од коњ на главата.
The horse distractions worked on Jokic 😭 pic.twitter.com/86jWAKN5U8
— BricksCenter (@BricksCenter) April 25, 2025