🎥Пукање среде меч: Бизарен прекин и сцени какви не се паметот во светот на тенисот

од Nikola Popovski
109 прегледи

АТП челинџерот во Бразавил, главниот град на Република Конго, привлекол големо внимание поради бизарна сцена која се случила среде мечевите. Турнирот бил накратко прекинат поради пукотници и солзавец, што може да се види дури и во кадарот на видеото подолу.

Прекинатите мечеви се Гај ден Оден (Холандија) – Иван Денисов (Русија), Елиаким Кулибали (Брегот на Слоновата Коска) – Мајк Штајнер (Германија) и Доминик Кјеловски (Чешка) – Матео Бареирос Рејес (Бразил).

Кога ги слушнале истрелите, тенисерите престанале да играат, но не знаеле што да прават и дали се во опасност. Во еден момент во кадарот се појавило оклопно возило…

На дел од снимките на социјалните мрежи се гледа како толпа луѓе бегаат, а подоцна било објавено дека се работи за рутинска вежба која ја спроведува блиската полициска академија. Прекинот траел околу 10 минути, а потоа мечот продолжил без никакви проблеми.

За одбележување е и дека претходниот ден на тенисерот Ден Уден му го украле телефонот во Конго, по, што тој споделил „стори“ на Инстаграм до неговите познаници да не му праќаат пораки на „WhatsApp“…

Слични содржини