Франција го совлада Египет со 34-33 (18-14) во четвртфиналето на Светското првенство во Арената Загреб благодарение на голот на Лука Карабатиќ во последната секунда и во полуфиналето ќе се сретне со Хрватска. Сепак, се чини дека македонските судии Ѓорѓи Начевски и Славе Николов мораа да го поништат голот…
Французите водеа речиси цел натпревар, на крајот од првото полувреме имаа четири гола предност, а таа предност ја зголемија на пет гола на стартот од вториот дел. Сепак, Египќаните успеаја да се вратат во игра и израмнија на 30-30 на пет минути до крајот.
Со двата гола на Мем, Франција поведе со 32-30, но Хешам одговори со два гола, со што резултатот беше 32-32 во последната минута.
Ремили ѝ донесе ново водство на Франција на 32 секунди до крајот, само за Јахиа Омар да најде начин да израмни на четири секунди до крајот.
Се чинеше дека победникот ќе биде решен со продолженија, но Лука Карабатиќ успеа навреме да ја исфрли топката кон празниот гол од центарот на теренот, а по прегледувањето на видеото, судиите утврдија дека топката ја минала гол линијата за 0,3 секунди пред крајот.
Меѓутоа, откако емоциите стивнаа и славењето престана, ракометниот свет згрме, сомневајќи се дека голот на Французинот е нерегуларен!
Има еден контроверзен момент при последниот удар на Лука Карабатиќ. Пред тој да ја исфрли топката, францускиот ракометар на левото крило веќе зачекори во противничката половина, што јасно се гледа на видеото. Ситуацијата е јасна, тој навлегол во противничката половина пред судискиот свиреж, а според правилата тоа треба да биде нерегуларно.
Македонските судии ја проверуваа снимката по голот, но само утврдија дали топката ја поминала гол-линијата пред истекот на времето и воопшто не ја разгледаа спорната ситуација, иако Египќаните се обидоа да свртат внимание на превидот. Некои љубители на ракометот велат дека голот е регуларен бидејќи францускиот крилен напаѓач немал никакво влијание врз играта, но…