🎥Рамковски ја враќа „А2 телевизија во ново светло“

од Nikola Popovski
497 прегледи

Бизнисменот и сопственик на некогашната телевизија „А1“ и весниците „Шпиц“, „Време“ и Коха е Ре“, Велија Рамковски ќе биде предводник на старо-нов проект „А2 телевизија“ кој засега ќе биде на Инстаграм и Фејсбук.

Според објавите на новите профили на социјалните мрежи, „А2“ започнува ново поглавје – посветено на иновативност, свежина и уште поголема поврзаност со публиката.

„Со нов освежен визуелен идентитет, и голем фокус на домашната продукција, А2 ја осветлува медиумската сцена интернет просторот во Македонија со нова енергија. Под мотото „А2 – заедно во ново светло“, не само што донесуваме модерна естетика и динамична содржина, туку ја градиме и новата платформа за дијалог, култура и вистинска информативна вредност. Вашите приказни, вашите ставови, вашата реалност – сега добиваат појасен одраз преку екранот на А2.

Во новото светло заедно со нас е и визионерот Велија Рамковски – пионер на независното новинарство и човекот кој стои зад најгледаните и најуспешни емисии и медиумски проекти во земјава. Новата ера на А2 е тука. И не сме сами – заедно сме во ново светло“, велат од „А2“ преку нивните профили.

Во свое обраќање на социјалните мрежи, Рамковски во маица со натписот „А2“ раскажа како рускиот писател Лав Николаевич Толстој на 50-годишна возраст веќе бил познат и бил богат и не му се живеело.

-Ја изгуби смислата на животот, немаше причина за живеење, доаѓаше да размислува и за самоубиство. Се мачеше долг период, се додека не дојде во ситуација да помогне на некои луѓе. Помагајќи на нив, тоа било помошта, така ја најде суштината на живеење, истакнува Рамковски.