Репрезентацијата на Хрватска на неверојатен начин ја испушти победата против Италија, а со тоа и пласманот во осминафиналето на Европското првенство.
Имаа играчите на Хрватска предност против Италија од средината на вториот дел кога Модриќ постигна гол.
Интересно е што Лука Модриќ најпрвин промаши пенал, поточно Донарума на одличен начин го одбрани.
Само десет секунди подоцна, Донарума престанува да слави, но Модриќ почнува, бидејќи со многу среќа постигна гол за водство на Хрватска.
Сепак, во последните секунди од натпреварот Италијанците постигнуваат гол и стигнуваат до израмнување, а со тоа и пласман во осминафиналето на овогодинешното евро.
По натпреварот, токму Лука Модриќ застана пред камерите.
„Навистина не знам што да ви кажам. Фудбалот понекогаш е суров и тоа се покажа на нас. Не го заслуживме тој гол, не знам каде ги најде судијата овие осум минути. Ако треба да паднеш и да изгубиш, тогаш вака е“, порача Хрватот.
Голема поддршка од навивачите вечерва и за Хрватска.
„Немавме дилеми, знаевме дека навивачите се секогаш со нас. Тие се секогаш таму, тоа го покажаа повторно денеска. Жал ни е што не беше таа победа, туку она што е“.
Хрватска има теоретски шанси да напредува.
„Теоретски, но тешко е. Ништо никогаш не ни се погодило нас. Понекогаш не е пишано, фудбалот е суров, тоа најдобро се покажа на нас“.
Дали е ова крај за Модриќ во репрезентацијата?
„Уште не е тоа за зборување“, изјави Лука Модриќ.