🎥Разговорот на Јокиќ и Вембањама го насмеа спортскиот свет

од Nikola Popovski
255 прегледи

Заврши НБА Ол-стар викендот, а триумфот го однесе тимот што го избра Шекил О’Нил. Во финалето, тие ги победија Глобал старс на уште еден познат поранешен кошаркар, Чарлс Баркли.

Интересен разговор е виден во соблекувалната на тимот на Баркли, каде разговарале соиграчите Никола Јокиќ и Виктор Вембањама.

Францускиот играч се појави во соблекувалната со книга, а Јокиќ кога ја видел, го прашал неговиот колега:

„Дали навистина донесе книга?“, на што дваесет и едногодишното момче одговорило: „Да. Читам пред секој натпревар“.

На ова следуваше реакција на кошаркарот на Денвер Нагетс која можете да ја погледнете во продолжение:

Кошаркарот на Сан Антонио постигна 6 поени во полуфиналниот натпревар и 11 поени во финалето.

Јокиќ очигледно не беше мотивиран ии импресиониран од Ол-старот, па на двата меча постигна само по 2 поени.

Слични содржини