Руски дрон со експлозивна боева глава го погодил штитот на реакторот 4 на нуклеарната централа во Чернобил. Според информациите, погоден е бетонски материјал кој штити од истекување на радијација.
„Синоќа руски дрон со високоексплозивна боева глава го погоди штитот што го штити светот од радијација во уништениот блок 4 на нуклеарната централа во Чернобил“, објави украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалната мрежа „Х“.
Зеленски соопшти дека Украина го изградила бетонскиот капак заедно со другите земји во Европа и светот, заедно со Америка, односно со сите оние кои се залагаат за вистинска безбедност на човештвото.
„Единствената земја во светот која напаѓа такви места, окупира нуклеарни централи и води војна без оглед на последиците е денешна Русија. Ова е терористичка закана за целиот свет. Овој дрон го оштетил капакот на нуклеарната централа во Чернобил. Пожарот е изгаснат. Досега радијацијата не е зголемена и постојано се следи. Според првичните проценки, штетата на капакот е голема“, напиша Зеленски.
Тој додаде дека Русија секоја вечер врши такви напади врз инфраструктурата и градовите.
„Русија продолжува да ја проширува својата војска и не покажува промена во својата пореметена, античовечка државна реторика. Тоа значи дека Путин дефинитивно не се подготвува за преговори – тој се подготвува да продолжи да го мами светот. Затоа мора да има унифициран притисок од сите што го ценат животот – притисок врз агресорот. Русија мора да одговара за своите постапки“, заклучи Зеленски.
Last night, a Russian attack drone with a high-explosive warhead struck the shelter protecting the world from radiation at the destroyed 4th power unit of the Chornobyl Nuclear Power Plant.
This shelter was built by Ukraine together with other countries of Europe and the world,… pic.twitter.com/mLTGeDYgPT
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) February 14, 2025
Меѓународната агенција за атомска енергија „Х“ соопшти дека нешто пред 2 часот по полноќ по локално време, нејзиниот тим на локацијата во Чернобил „слушнал експлозија од новиот безбедносен затворен простор кој ги штити остатоците од реакторот 4, поранешната нуклеарна централа во Чернобил, што предизвика пожар“.
„Тие беа информирани дека беспилотно летало удрило во покривот“, додаваат од МААЕ.
Блокот 4 во Чернобил експлодираше во 1986 година, испраќајќи големи облаци од радиоактивност низ делови на Советскиот Сојуз и Европа. Подоцна беше затворен во саркофаг направен од бетон и челик.
Украинската војска во четвртокот вечерта извести дека Русија истрелала 133 беспилотни летала во Украина, од кои 73 биле соборени, а 58 не успеале да стигнат до своите цели. Бројките се во голема мера во согласност со неодамнешните просеци за напади со беспилотни летала. Се наведува дека беспилотните летала биле соборени во 11 региони, покривајќи го поголемиот дел од земјата.