🎥СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк

„Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна тој.

од Vladimir Zorba
12 прегледи Фото: Јутјуб/Принтскрин/СДСМ

„Власта ги излажа студентите, СДСМ бара зголемување на 160 денари за студентски оброк. Денеска сме тука да го кажеме она што секој студент го чувствува секојдневно: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги остави студентите сами“, вели на прес-конференција, Трајче Стојчевски, претседател на СДММ.

„Во време кога животните трошоци растат вртоглаво, кога храната станува сè поскапа, студентскиот оброк остана замрзнат на 140 денари и власта оваа година нема намера да го зголеми.

Тоа значи дека денес студентите реално имаат помал оброк отколку пред две години.

Кога ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција, гласно бараше студентскиот оброк да биде 160 денари. Денес, кога ја имаат власта, молчат и не прават ништо. Уште една лага во низата на ВМРО-ДПМНЕ“, истакна тој.