🎥СДСМ: Нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме, ние не сме ВМРО

Порача дека премиерот Христијан Мицкоски ги „изневерил, излажал и понижил“

од Vladimir Zorba
16 прегледи

„Протестот на Синдикатот не е политика – тоа е борба за достоинство, за праведна плата и за подобар живот за секое семејство. Ние нема да го злоупотребуваме вашиот протест ниту ќе го политизираме, ние не сме ВМРО, изјави на прес конференција Симона Цветановски – Членка на Извршниот одбор на СДСМ.

„Сите членови на СДСМ кои се и членови на Синдикатот ги повикуваме да се приклучат. Ова е ваша борба. Гласот на работниците мора да се слушне“, кажа таа.

Порача дека премиерот Христијан Мицкоски ги „изневерил, излажал и понижил“.

„Ве нарекува хистерични затоа што барате минимална плата од 600 евра. Додека тој носи часовници од 150 минимални плати. Уште вели дека можеле работниците и без одмор, следно ќе каже може и без да јадат“м, истакна таа.