Нападнатиот македонски судија на Европското кадетско првенство во бокс во Србија, Стефан Цубалевски се огласи на социјалните мрежи по немилиот настан што му се случи за време на изминатиот викенд. Тој беше нападнат од тренер за време на финалниот натпревар во категоријата до 75 килограми, помеѓу Јусиф Агакишијев од Азербејџан и Виктор Мајсторовиќ од Србија.
Информира дека боксерот на Азербеџан од негова страна „беше предупреден со интерни опомени 4 пати каде што морав да реагирам со јавна опомена со која му беше одземен бод поради неправилни и широки удари со отворениот дел на ракавицата“.
-За оние кои ми го поставивте прашањето зашто не му врати, според правилата на ИБА (бокс светската организација) доколку вратам и јас ќе бев суспендиран, вака тренерот го извлече подолгиот крај и истиот е суспендиран, а на неговиот боксер кој требаше да земе сребрен медал, на него му е одземен медалот од страна на ЕУБЦ (европската бокс конфедерација). Ваквите несовесни луѓе треба да се искоренат од спортот, местото на нив не им е во спорот, посебно во најинтелектуалната боречка вештина која треба на неговите ученици да ги учи да не шират насилство, а не спротивното, порачува Цубалевски.
Во јавната објава истакнува дека истата одлука би ја донел и во иднина.
-И ако ме прашате дали би ја донел истата одлука и во иднина, да би ја донел затоа што мојот одземен бод е со право одземен, за тоа погледнете ја снимката подолу, зошто му е дадена јавна опомена на Азербеџанскиот боксер, односно одземен бод. Ова е олимписки спорт кој има правила, а не кафанска тепачка, додава македонскиот судија.
Тренерот на Азербејџанецот прво вербално го нападнал судијата, а потоа и физички. Тој почнал да го дави и го удирал Цубалевски на рингот пред младите боксери. Поради немилите свцени, боксерот од Азербејџан е дисквалификуван, па Мајсторовиќ го освоил златниот медал.
🎥Скандал во Србија: Тренер влета во ринг и нападна македонски судија!