Најмалку 20 луѓе останаа заробени во урнатините откако силна експлозија уништи трикатна станбена зграда во станбена зона во градот Хаг, ноќта меѓу петокот кон саботата.
Експлозијата се случила во саботата наутро, во 06:15 часот, по што пожарот почнал да гори и зградата се урнала. Некои станови беа целосно уништени.
Ravage vanaf de elfde verdieping. #Tarwekamp @omroepwest pic.twitter.com/2hzfJZ95y2
— Dennis van Schie (@DennisvanSchie) December 7, 2024
Спасувачките служби се обидоа да стигнат до сите затрупани под урнатините, а во спасувачките активности беа вклучени кучиња трагачи и градежни инженери, кои ќе ја проценат причината и ќе дадат насоки за понатамошно дејствување.
Засега се трага по повеќе луѓе, а најмалку четири лица се извлечени од урнатините и сместени во околните болници.
Истрагата за причините за експлозијата е во тек.