Најмалку 11 случаи на „синдром на врколак“ – прекумерно растење на влакна на телото – се идентификувани меѓу бебињата во Европа чии родители користеле лосиони против ќелавост, пишува шпанскиот весник „Ел Паис“.
Во текстот се забележува дека по 50-тата година, ќелавоста се појавува во просек кај половина од мажите и секоја десетта жена, а лековите, особено лосиони со миноксидил, се продаваат во европските аптеки без рецепт.
Весникот пишува за необичен несакан ефект кој бил откриен кај деца чии родители користеле слични лосиони, а потоа поминувале многу време со децата.
„Центарот за фармаковигиланца на Навара откри дека новороденчињата чии родители ги користат овие лекови може да развијат изненадувачка и потенцијално тешка клиничка слика – хипертрихоза. Оваа болест, позната и како „синдром на врколак“, се карактеризира со прекумерен раст на влакна по целото тело, се наведува во публикацијата.
Кај малите деца болеста може да доведе до компликации на срцето и бубрезите, посочува „Паис“.
Во исто време, постои случај дека штом татко на болно дете престанал да го користи лекот за ќелавост, симптомите на детето целосно исчезнувале, пренесе Риа Новости.