🎥Синот на норвешката принцеза повторно уапсен, објавеното видео ја шокираше Норвешка

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Мариус Борг Хоиби (27), син на норвешката принцеза Мете-Марит (51), повторно е уапсен, потврди полицијата во Осло. Ова е негово трето апсење, а обвинението против него беше проширено со силување на друга жена, која во моментот на силувањето била во несвест. Против него во моментов се води постапка за шест жртви.

Според ТВ 2, полицијата на неговиот мобилен телефон пронашла видео снимки од наводното силување. Но, пронајдено е и видео кое брзо се рашири низ норвешките медиуми, на кое пријател го прашува Мариус „како раскинал со последната девојка“, по што синот на принцезата се наведнува напред и прави гест со шлаканица кон камерата.

„Тоа зборува само за себе“, излезе со реакција за видеото Мете Ивон Ларсен, правен советник на поранешната девојка на Мариус.

Апсењето на Мариус ја шокираше Норвешка бидејќи првпат беше уапсен член на нивното кралско семејство. Порталот Se og Hør објави рецензија на обвинувањата против него.

Неговата поранешна 20-годишна девојка, тврди дека Мариус ја нападнал во стан во Прогнер, Осло, ноќта меѓу 3 и 4 август. Обвинението подоцна беше проширено на уште една точка за телесни повреди, малтретирање во врска, прекршување на забраната за приближување до засегнатото лице. Хоиби на 14 август призна дека насилството го извршил додека бил под дејство на алкохол и кокаин.

Џулијан Снекестад (29) исто така го пријавила Мариус за злоупотреба во врската, а тој ги негира обвинувањата. Мариус и Џулијан беа заедно пет години, а раскинаа во февруари 2022. Третата девојка Нора Хаукланд (27), која беше со Мариус од 2022 до 2023 година, го обвинува за злоупотреба во врската, а тој тврди дека не е виновен.

Маж во порака на Инстаграм го обвини синот на принцезата дека му се заканувал дека ќе го убие, а Мариус се изјаснил за виновен за ова.

Четврта жена тврди дека Мариус имал секс со неа додека таа била во несвест, но тој вели дека тоа не е вистина. Петтата жена тврди дека Мариус ја силувал на 26 септември годинава, што тој го негира.

Слични содржини