Фудбалерите на Саудиски Ал Наср, за кој игра Португалецот Кристијано Роналдо, меѓу другите светски ѕвезди, не успеаја да се пласираат во полуфиналето на азиската Лига на шампиони.
АЛ Аин од Обединетите Арапски Емирати славеше по подобро изведување на пенали, а еден од трагичарите на поразот беше Брозовиќ бидејќи не постигна гол во пенал рулетот. Тој не беше сам, истото го направија двајца негови соиграчи (Телеш и Отавио). Единствениот успешен беше Роналдо. На другата страна прецизни беа Рахими, Каку и Ал Шамси.
Во луд натпревар се можеше да заврши поинаку доколку Роналдо не промашеше од метар далечина. Гостите водеа со 2:2, но имаа и гол предност поради победата на свој терен 1:0. Се играше 61. минута кога Роналдо го промаши невозможното. Тоа беше еден од најголемите „киксови“ во неговата кариера.
Иако подоцна се искупи и го доведе натпреварот до пенали со гол од пенал во 118. минута, оваа негова грешка имаше големо влијание врз текот на натпреварот.