Срамни сцени синоќа се случија во Скопје кога во неколку наврати беше сквернавено државното македонско знаме. Ова следува откако во текот на цел ден се славеше денот на албанското знаме, при што колона од стотина возила се движеа кон централното градско подрачје.
На социјалните мрежи осамна видео како на раскрсницата кај ТЦ „Мавровка“, неколку лица излегуваат од своите автомобили и го кинат македонското знаме.
Немам зборови… pic.twitter.com/A3bS1WU8KY
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
На друго видео се гледа како автомобил, врз кој се прикачени албански знамиња, прегазува и „дрифта“ преку македонско знаме и го остава на улица.
Прегазено македонското знаме pic.twitter.com/THxZzrCyIH
— Роберто Навали (@roberto_navali) November 28, 2024
Јавноста веќе бара одговори и пронаоѓање на сторителите кои на овој начин само носат нетрпеливост и огорченост. Во текот на денов се очекува реакција од МВР и разрешница на ваквите немили настани, со цел никогаш повторно да не се повторат.
Граѓаните кои се најдоа во вечерните часови на улиците на Скопје сведочат дека движењето на неколку раскрници во градот било отежнато и се чекало во долги колони откако голем број возила попладнето и синоќа го блокираа главниот град на Македонија со развиорени албански знамиња.