🎥Славна пејачка објави дека има сериозна дијагноза

од Nikola Popovski
30 прегледи

Џеси Џеј, музичарката позната по хитовите „Price Tag“ и „Bang Bang“, на својот Инстаграм ја објави веста што ги погоди многу обожаватели.

Џеси, чие вистинско име е Џесика Елен Корниш, е британска пејачка и текстописец. Хитовите на оваа музичка ѕвезда сè уште можеме да ги слушаме на радио, но поради дијагнозата што ја доби, таа одлучи да се повлече од јавноста.

„Секогаш сум споделувала сè низ што поминувам во животот. Пред да излезе „No Secrets“, ми беше дијагностициран рак на дојка во рана фаза. Го нагласувам зборот рано. Ракот е лош во која било форма, но се држам до зборот рано“, рекла музичарката, споделувајќи ја својата дијагноза со своите обожаватели.

Откривајќи дека се соочува со тежок период во животот, Џеси Џej објасни дека наскоро ќе има операција, по што додаде со оптимизам: „Ќе се вратам со огромни гради и повеќе музика“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Jessie J (@jessiej)

Пејачката беше во врска со актерот Ченинг Тејтум од 2018 до 2019 година. Накратко ја обновија својата врска на почетокот на 2020 година, но набрзо повторно раскинаа. По емотивно тежок период поради спонтан абортус, Џеси објави во 2023 година дека очекува дете, по што доби син со кошаркарот Чанан Сафир Колман, со која е во врска од 2022 година.

Слични содржини