Се породи Џеси Џеј, го откри полот на бебето

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата пејачка Џеси Џеј минатата недела го роди своето прво дете.

Таа денеска на Инстаграм ја сподели среќната вест и објави дека родила момче.

„Пред една недела ми се смени целиот живот. Мојот син дојде на свет и моето срце се зголеми дупло. Чувството е неверојатно, летам од љубов. Тој е магија, тој е исполнување на сите мои соништа, тој е целиот мој свет. И двајцата се чувствуваме добро“, напиша пејачката.

„Го впивам секоја секунда и сè уште не ми се верува дека е реално, дека е тука и дека е мој. Многу сум благодарна на сите вас кои го следевте моето патување до овој момент, ви благодарам за сета ваша постојана љубов и поддршка. Ќе се вратам на Инстаграм кога ќе бидам подготвена“, додаде Џеси.

Потсетуваме дека Џеси Џеј претходно изгуби едно бебе поради ендометриоза, а лекари ѝ предвидуваа дека никогаш нема да може да стане мајка.

„Ми рекоа дека не можам да имам деца, но не им верувам. Верувам во чуда и не се откажувам“, изјави таа во 2019 година.

Слични содржини