🎥Словенечките хеликоптер се повлечени, а утре ќе замине и српскиот, информира Ангелов

од Nikola Popovski
173 прегледи

Во последниот пресек околу состојбите со пожарите во земјава, директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов информираше дека денеска активни биле 12 пожари, од кои 4 се под контрола, а еден е целосно изгаснат.

Како што појасни Ангелов, словенечките хеликоптер се повлечени и не се овде, а утре ќе замине и српскиот хеликоптер. Од странската помош, во земјава ќе останат еден црногорски хеликоптер и романскиот „Спартан“.

Пожарот кој повторно се разгорува е оној на Серта, на штипскиот дел, над селото Драгоево и се приближува кон селото Пухче. Работат 30 припадници на АРМ.

Исто така, на планината Серта активен е уште еден пожар на штипскиот крај, кон полигонот Пенуш. Зафатен е голем фронт.

Активен пожар има на територија на општина Градско кај селото Подлец, каде што во текот на денов делуваа два „ер трактори“ коишто сега продолжуваат повторно со дејство, но, како што рече Ангелов, постои можност истите да имаат одредени ограничувања од контролата на летање поради влошување на временските прилики во Скопје.

Гори и на територијата на Македонски брод, кај селата Презница – Тажево. Пожарот се движи кон Јасен, соопштува Ангелов, и додава дека таму делувал романскиот „спартан“, а во моментов делува еден хрватски „канадер“, којшто, исто така, може да биде стопиран од контролата на летање поради влошување на временските услови во Скопје. Таму делуваат 30 припадници на Армијата.

Слични содржини