74
На актерот Адриен Броди синоќа во театарот „Долби“ му беше доделен Оскар за најдобра машка улога, а пред излегувањето му се случи еден пех. Актерот ја доби наградата за остварувањето во филмот „Бруталист“, што претставува втор Оскар во неговата кариера.
Тој се појави на црвениот тепих со Џорџина Чепмен, а таа беше тука за него кога „најмногу му беше потребно“.
Имено, откако Броди станал да ја прими наградата, сфатил дека не ја фрлил мастиката што ја џвакал, па пред да излезе на сцената ѝ ја фрлил во рацете на својата девојка, а камерите го фатиле овој момент.
@pagesixAdrien Brody hilariously threw his gum to girlfriend Georgina Chapman as he went up to accept his award for Best Actor at the 2025 Oscars. 😆♬ original sound – Page Six
Многумина беа згрозени од овој момент, па со часови се коментира на социјалните мрежи.
Да потсетиме дека Броди пред 23 години доби Оскар за улогата во филмот „Пијанистот“.