🎥Српската полиција стави демонстрант во автомобил, тој излезе од другата врата

од Vladimir Zorba
79 прегледи

На социјалните мрежи се споделува видео снимено за време на вчерашниот протест во Нов Белград, кога жителите протестираа против планираната изградба на хотел, голем супермаркет и кафуле веднаш до станбена зграда, пишува Н1 Србија.

На протестот интервенираше и полицијата.

На снимката се гледа како полицијата приведува маж, најверојатно еден од учесниците на протестот. Но, додека полицајците се расправале со насобраните граѓани кои протестираат, истиот човек излегол од полициското возило низ друга врата.

После тоа, мажот повторно се обратил до полицијата додека ја проверувале личната карта на друг учесник на протестот, но тие не ни забележале дека се работи за истиот човек.

Слични содржини