🎥Стојаноска објави видео од Трендафилов со неговите деца и службеното возило на ССМ

Не се знае од кога потекнува видеото и кој го има снимено. Дел од јавноста прашува дали ваквото следење е пракса за неистомислениците на власта или станува збор за изолиран инцидент

од Nikola Popovski
303 прегледи Фото: Фејсбук профил на Дафина Стојаноска

По денешната блокада на Собранието од страна на ССМ и работниците, на социјалните мрежи се појави видео од претседателот на синдикалците, Слободан Трендафилов. Видеото беше споделено од пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, при што во него можеше да се види како Трендафилов ги зема своите деца од училиште.

„Не го слушајте што зборува, туку гледајте го како се однесува… Трендафилов, службеното возило на ССМ и приватните обврски…“, стои во објавата на пратеничката.

Не се знае од кога потекнува видеото и кој го има направено. Дел од јавноста прашува дали ваквото следење е пракса за неистомислениците на власта или станува збор за изолиран инцидент.

Денеска се одржа протест на Сојузот на синдикати на Македонија со блокада на зградата на Собранието. Побараа од пратениците да се зголеми минималната плата. Според работниците, во парламентот гледаат вина за недонесувањето на законот. Претседателот на ССМ ги обвини пратениците дека веќе две години го блокираат предлогот за зголемување на минималната плата и покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари.