🎥Страшен вербален дуел: Џа Морент го испровоцира Џејмс!

од Vladimir Zorba
52 прегледи

На натпреварот во кој Мемфис славеше над Лејкерси (131:114), можеби најзабележителен момент беше размената на провокации меѓу Леброн Џејмс и Џа Морент како двајца најдобри играчи на двата тима.

Како што наведува Морент, тој имал посебен мотив против Лејкерси: „Не ми се допаѓаат“, изјави тој по натпреварот во кој постигна 20 поени и на тој начин придонесе за победата на својот тим и покрај тоа што мечот заврши предвреме за него поради повреда.

Морент подетално објасни зошто има таков однос кон Лејкерси: „Ме елиминираа од плеј-офот, а минатата сезона кога игравме при крајот на регуларниот дел, не добија кога бев надвор од теренот поради повреда“.

Имајќи го тоа на ум, не е премногу чудно зошто Морент и Леброн влегоа во вербален дуел во текот на натпреварот, кој иако го започна Леброн, резултираше со техничка грешка на Морент.

Откако Леброн Џејмс постигна кош преку Морент, тој му гестикулираше со познатото движење што значи „мал си“, меѓутоа, веќе во една од следните акции Морент постигна поени и набрзина го турна Џејмс одзади.

Иако за тој потег доби техничка грешка, кошаркарот на Мемфис сакаше да покаже дека нема да дозволи некој да воспостави авторитет над него.

„Мислам дека го направив тој гест „премногу си мал“ кон некој што е мал. Тој возврати на ист начин… Тој го направи тоа, а јас не отстапувам од никого. Не ми е гајле кој си. Мојата работа е да враќам. Добив поен и ја наместив играта. Тоа ги „нахрани“ моите соиграчи и видовте што се случи…“, додаде Морент.

Слични содржини