🎥Судири меѓу полицијата и демонстрантите пред Градското Собрание во Белград, има приведени

од Nikola Popovski
31 прегледи

Демонстранти со јајца и црвена боја ја нападнале зградата на Собранието на Белград, каде што се одржува седница, на која, меѓу другото, биле усвоени ребалансот на буџетот за градските јавни комунални претпријатија и деталните урбанистички регулациски планови за градот.

Како што јавуваат српските медиуми дошло до судир меѓу полицијата и демонстрантите. Полицијата привела најмалку еден демонстрант.

Претходно, зградата била обезбедувана од приватно обезбедување, кои биле гаѓани со јајца и црвена боја од демонстрантите. Обезбедувањето, јавуваат тамошните медиуми, користело и бибер спреј. Некои демонстранти пријавиле дека биле испрскани со спреј за време на судирите со безбедносните сили.

По пристигнувањето на полицијата приватното обезбедување се повлекло. Демонстрантите ја опколиле брзата помош бидејќи се посомневале дека возилото се користи за превезување на членовите на обезбедувањето.

Група луѓе пред почетокот на седницата ја блокирале улицата пред градското собрание на Белград. Тие држеле транспаренти на кои пишувало „Корупцијата убива“ и „Кружниот тек кај лажниот градоначалник“.

Пред зградата на Градското собрание се поставени метални огради.

Заменик претседателот на опозициската Партија на слободата и правдата (СПП), Борко Стефановиќ пред почетокот на седницата истурил црвена боја пред влезот на Градското собрание.

Демонстрантите се обиделе да ги затворат другите влезови на зградата со синџири, но тие биле отстранети.

Слични содржини