Британската ѕвезда во тешка категорија Тајсон Фјури е снимен во крајно непријатен момент каде бил пијан и едвај можел да стои на нозе.
35-годишниот поранешен светски шампион, кој пред еден месец ја загуби титулата од Светскиот боксерски совет (ВБЦ) од Олександр Усик, едвај беше изведен од двајца телохранители во ноќниот клуб Моркамб.
На снимката направена пред влезот на местото се гледа како „Џипси Кинг“ лази по тротоарот и удира со главата во цевката на која има сообраќаен знак.
Предметниот објект е познат по својот евтин алкохол. До 23:00 часот секој пијалок е по цена од 2,50 фунти. Фјури, чија вредност се проценува на 300 милиони фунти, бил во барот со пријателите кои подоцна му помогнале да се врати кај неговата сопруга Парис и нивните седум деца.
Tyson Fury got escorted out of a bar and face planted on the concrete this weekend 😅 pic.twitter.com/4KpKaN5AJ7
— Happy Punch (@HappyPunch) June 11, 2024